Најдобрите и најлошите денови во месец април

|

Владеењето на Овенот веќе започна, а овој период носи бројни промени. Освен тоа астролозите советуваат да бидеме подготвени за нови почетоци затоа што пролетта е периодот на будење, започнување на новитети и носење промени.

Сепак, доколку ве интересира кога треба да донесете важна одлука, а кога да останете дома во текот на наредниот месец, астрологијата има одговор.

Во април 2022 година не очекува помрачување на Сонцето, а во продолжение дознајте кои денови имаат одлични, а кои лоши аспекти.

Помрачување на Сонцето настапува на 30 април и нè потсетува дека „не е злато сè што сјае“. На тој ден не треба да се движите многу, особено треба внимателно да го слушате вашето тело и да немате прекумерна физичка активност.

Поволни денови во април, 2022 година: 6, 7, 14, 18, 20, 22

Неповолни денови во април, 2022: 16, 19, 26

Сепак, добрата вест е тоа што во месец април не можете да очекувате ретрограден Меркур, популарниот виновник за негативната енергија и настани.

Најдобро е во тие неповолни денови во месец април да се посветите на себе, да се опуштите и да поминете време со вашето семејство. Обидете се да се одвоите од вестите, проблемите на работа и сè што ви го нарушува мирот.

Според астрологијата, во април 2022 година не треба да носите никакви важни одлуки, односно на 16 април, на денот кога Месечината ќе биде полна.

Во текот на полната Месечина и неколку денови подоцна, голема е веројатноста да донесете погрешни одлуки, па подобро е таквите моменти да ги одложите за некој друг ден.