Еден од препознатливите сигнали за успешен бизнис денес во светот претставува способноста на секој менаџер и сопственик на бизнис, особено кај МСП, од успешно менаџирање со квалитетот на бизнисот и со неговата конкурентност, според врвните меѓународни стандарди за квалитетен бизнис.
Посветеноста кон вашиот професионален развој подразбира ваше изучување на меѓународната Професионална обука “Quality Management and Competitiveness”, развиена во целосна соработка на:
1. Јапонската Агенција за меѓународна соработка (JICA),
2. Универзитетот од Нагасаки (Јапонија),
3. Универзитет за национално и светско стопанство – UNWE, (Бугарија), и
4. Економскиот Факултет – Скопје, УКИМ
Оваа менаџмент професионална програма е посветена на практичните и тестирани јапонски менаџмент модели, вештини и модел на организациска култура, со кои ќе се издигнете на повисоко ниво на квалитет на бизнисот и ќе стекнете знаења, искуства и способности од јапонскиот менаџмент систем со кои успешно ќе ги истакнете силните страни на вашиот бизнис, а континуирано ќе ги решавате предизвиците на вашите недоволно развиени бизнис процеси и односи.
Учете од успешните јапонски бизнис искуства. Приклучете се!