НАЈДОБРО МЕСТО ЗА ЖИВЕЕЊЕ ВО ЕВРОПА: Плата 1.200 евра, кирија 15 евра, а никој не е невработен!

ИЗВОРСкопје24
|

Навалата на доселеници е толку голема што е воведена листа на чекање за вселување – а на истата се чека и по две години.

Кога ќе се спомене Шпанија, прво што ни паѓа на ум се метрополите како Барселона и Мадрид. Нив ќе ги посетите доколку целта на вашето патување е туризам, меѓутоа доколку сакате да живеете и работите во Шпанија, најдобар град за тоа е Мариналеда.

Лоциран во јужниот дел на Шпанија, во Андалузија, овој град има само 2.700 жители и се простира на површина од 25 километри квадратни, но тоа не го спречува да биде еден од најдобрите градови за живот во Европа.

Навалата на доселеници е толку голема што е воведена листа на чекање за вселување – а на истата се чека и по две години. Досега изградени се околу 400 куќи, а во следниот период бројот на истите ќе се зголеми на уште 250.

Просечна плата 1.200 евра

Просечната месечна плата за изнесува 1.200 евра. Можеби на прв поглед не ви изгледа многу, но кога ќе се спореди со висината на месечната кирија која изнесува само 15 евра месечно – сосема е јасно дека со таа плата може да се живее навистина пристоен живот.

Додека стапката на невработеност во Шпанија е нешто повеќе од 16 проценти, невработеност во Мариналеда речиси и да не постои.