Најевтиниот град на светот за туристите е на само еден лет од Скопје

ИЗВОРСкопје24
|

За најевтини град за краток престој и рај за туристите е прогласен главниот египетски град Каиро. Египет од пред две години се врати на големата врата на туризмот, а само за време на 2017 година е забележан пораст од 55 отсто.

Иако египетските летувалишта се главни ѕвезди, ниту Каиро не треба да се заобиколи, бидејќи токму овој град е прогласен за најевтин за кратко сместување од неколку денови. Според пресметките на сајтот „Lastminute“, за сместување во Каиро на дневно ниво потребни ви се 50 евра.

Исто така, Каиро никогаш не бил подостапен дури и за нас Македонците, бидејќи од мај до септември има редовни и бројни чартер летови.

Посетата во Каиро најдобро е да ја комбинирате со крстарење по Нил.