Девица
Девиците се вешти во решавање на проблемите и советувањето, но самите себеси не умеат да си помогнат. Кога се нервозни, тие рибаат, гланцаат, чистат, па животниот простор толку им е стерилен што гостите се чувствуваат по малку непријатно , напнато и неудобно.
Склони се уредно се да пакуваат по фиоки, етикетираат, сортираат, а кога нешто не оди влегуваат во паника. Нив животот постојано непријатно ги изненадува. Таман се средиле, а на тепихот се истура чаша вино.
Таман ве углавиле во својот емотивен компас, а вие сте сториле нешто неочекувано и сега повторно мораат се да испитуваат…
Вага
Она што Вагата најмногу на нервира е неправдата. Ја воочуваат секаде околу себе, а често ја чувствуваат на својата кожа и секогаш постои нешто што им го нарушува мирот и среќата. Спаѓаат во оние луѓе кои прво ќе експлодираат, па потоа размислуваат со денови како можеле да постапат и што би било кога би било…
Им одговараат убави луѓе и луксузни работи. Изгледот им е многу важен, така што никогаш не се помируваат со знаци на стареење. Тоа за нив е една од најголемите неправди на светот. Многу сакаат да играат детективи, да откриваат из мами.
За нив самиот факт дека постојат лоши луѓе е лична навреда. Кога решаваат туѓи проблеми, тие ги доживуваат како свои. Се сметаат за емпати, но големо прашање е колку воопшто се во состојба да излезат од својот свет и да ги согледаат работите поинаку.
Риби
Рибите сами на себе се проклетство. Слабо контактираат со реалноста, па постојано упаѓаат во незгодни ситуации. На негативните животни околности реагираат бурно и непресметливо. Тие во својата глава имаат зацртано како нивниот живот треба да изгледа и како совршениот свет треба да фукционира.
Кога ќе се најдат пред проблем кој тешко се решава, секогаш на сила ќе се обидат проблемот да го довлечат на своја територија, во својот свет во кој владеат поинакви закони на физиката, математиката.