Тие се „најголемите губитници на Евровизија“: Најчесто се на последното место

ИЗВОРНов Лист
|

Една земја се смета за „најголем губитник на Евровизија“.

Имено, иако најмногу се зборува за победниците, Норвежаните некако дури 11 пати успеаја да се најдат на последното место.

Тоа место го зазедоа во 1963, 1969, 1974, 1976, 1978, 1981, 1990, 1997, 2001, 2004 и 2012 година, додека победија во 1985, 1995 и 2009 година.

На овогодинешната Евровизија Норвежаните го зазедоа 10-тото место, а нив ги претставуваше групата „Subwoolfer“ со песната „Give That Wolf a Banana“.