Највкусен рецепт за домашни пирошки – Точни мерки, ќе замириса цел дом

ИЗВОРНов Лист
|

Направете вкусни и брзи и лесни пирошки од вашата кујна, како од пекара.

Ова е рецептот: СОСТОЈКИ: 500 гр. брашно 25 гр. квасец 2 дл. млако млеко 1 лажиче шеќер 2 компири 50 гр. маргарин сол 2 јајца 150 гр. шунка 200 гр. сирење ПОДГОТОВКА: Компирот се мие и лупи, па се обарува во солена вода. Се цеди и пасира со малку сол. Се соединува млеко со шеќер и малку брашно како и квасецот во сад, па се меша и се остава да надојде.

Се става половина од брашното со јајца, па компирот и маргаринот, а потоа се додава и квасецот кој надошол. Се додава и преостанатото брашно и се меси со раце. За фил исечете ја ситно шунката и изронете го сирењето.

Тестото расукајте го, ставете од филот и сечете правоаголници, па залепете ги краевите. Пржете ги пирошките во масло.