Најмалиот рај на светот: Прошетајте низ островот широк само стотина метри

ИЗВОРСкопје24
|

Исла Мухерес – “Островот на жените” е место на кое се состануваат Мексиканскиот залив и Карипското море, на околу 13 километри од полуостровот Јукатан.

Овој Мајански остров и бил посветен на божицата на плодноста, месечината и среќата, а на јужната страна се наоѓал нејзиниот храм. Тука се најдени остатоци од пет мајански куќи, а една од нив служела како светилник – низ дупките од ѕидовите морепловците можеле да го видат светлото.

Во 1517-та година островот го открил Франциско Фернандез де Кордоба и според легендата, на островот пронашол само една свештеничка и неколку жени, па така настанало и името.

Имено, островот е многу мал, широк само неколку стотини метри, а долго само 7 километри. Познат е и по едно од најпопуларните сместувања, куќа дизајнирана во облик на морска школка. Тоа ремек дело може да се изнајми по цена од околу 230 евра за ноќ, но потребно е да го резервирате за најмалку две вечери.

Гостите деновите ги минуваат уживајќи во базенот и скарата и плажата, да нуркаат и да го истражуваат овој остров долг само 7 километри.

До островот се пристигнува единствено со брод, а тој е непреведно занемарен во корист на другите, попознати летувалишта во околината.

Најблискиот аеродром е во Канкун, а во договор со домаќините може да се организира и превоз. Сопствениците предупредуваат дека оние кои имаат страв од мали зелени гуштери, не треба да доаѓаат, бидејќи нив ги има премногу. Мештаните ги третираат како миленици.