Како и секое друго најмладо дете во семејството, така и овој хороскопски знак понекогаш може да се чувствува многу неценето и несфатено. Сепак, тоа не го спречува да биде најдинамичната личност што некогаш сте ја запознале. Поради оваа разновидност во енергијата, овој знак тешко може да изгради долготраен, силен однос. Затоа и не треба да ве чуди што тој најчесто е номад кога станува збор за друштво и поминува повеќе време со себе одошто со пријателите.
Можете да погодите за кого зборуваме? Ако помисливте на Рибите, да – имате право!
Рибите се родени со силни емпатични реакции. Тие јасно можат да ги откријат најдлабоките и најсуптилните делови дури и на оние луѓе што воопшто не ги познаваат. Оваа зголемена емпатија им прави дополнителен проблем при градењето блиски односи и пријателства.
Од друга страна пак, нивните емоции, самодовербата, како и гордоста, можат лесно да бидат срушени од страна на невнимателни зборови од пријателите и саканите. Тие немаат цврсти одбранбени механизми што ги штитат во вакви ситуации.
Затоа и ќе го свртат другиот образ кога удирате по нив и ќе се обидат да ви го одвлечат вниманието од својата болка. Потоа, со помош на смиреност, сочувство и милост, тие ќе се обидат да го најдат коренот на проблемот и ќе направат сè за да го решат.
Рибите, во различна ситуација, покажуваат различна верзија од нив. Тие не се површни, туку ја впива целата својата околина. Тие истовремено можат да бидат и животот на забавата, и дисциплинарниот шеф што покажува со прст и лесно дели критики.
Потребно е многу енергија за да бидете огледало на околината, па затоа и кога конечно ќе се приберат во удобноста на својот дом, тие се преморени и потребно им е многу време за да си ги наполнат батериите и да се вратат во нормала.
Константни, динамични и секогаш добро расположени, тие лесно можат да ги препознаат манипулантите, како и оние што се обидуваат да ги измамат или да ги искористат. Затоа воопшто не е ни чудно што луѓето постојано го бараат нивното мислење за сè.
Рибите се толку чувствителни, што понекогаш емоциите дури и им пречат да ја согледаат вистинската приказна, правејќи ги малку наивни. Но, затоа природно им доаѓа да се поврзат со некој од повнимателните знаци, кој пак, лесно ќе ги заштитува од вакви ситуации.
Бидејќи Рибите се дванаесеттиот, и последен знак во зодијакот, од астролошка гледна точка, тие се помлади од сите други знаци, па затоа и се толку детинести и „невини“. Тие исто така содржат и по некоја карактеристика од секој знак пред себе, правејќи ги најчувствителните во зодијакот.