Најбогатиот пензионер живее во Штип со пензија од 11.000 евра, или во текот на 2019 година примил над 137.000 евра. Битолчанец остварил најголем прход врз сите основи на Годишна даночна пријава, додека скопјанка има најголем приход од игри на среќа во висина од 471.000 евра.
Стружанец имал нависока плата од 155.000 евра месечно и доаѓа од индустријата со метали. Највисок остварен годишен бруто доход лани имал граѓанин од Битола, кој успеал да заработи дури 3,4 милиони евра.
По него следува граѓанка од Скопје која имала годишен бруто доход за ланската година од 2,8 милиони евра. Сепак, овој граѓанин од Скопје кој остварил лани вкупен дохпд од 3,4 милиони евра е многи послаб од ѓраѓанинот кој најмногу заработил во претходната година, 2018, и тоа дури 17,2 милиони евра.
Највисоко лично примање по друг основ, пак, во 2019 било вкупно годишно 789 илјади евра, за повремено вршење услуги кон градежниот сектор.