Најнесреќните знаци за 2022 година според кинескиот хороскоп

|

За оние што се подготвени да работат напорно, Тигарот, кој е симбол на 2022 година, ќе им донесе среќа. Другите ќе треба да се потрудат, а можно е и да преживеат проблеми и неуспеси. Неколку хороскопски знаци треба да бидат особено внимателни.

Ако немате ни основно познавање од кинескиот хороскоп, сѐ што треба да знаете е дека во него знаците не се распоредени низ годината, иако ги има исто 12, туку секој знак одговара на една календарска година.

Вол – Родени: …1949, 1961, 1973, 1985, 1997, 2009, 2021…

Во 2022 година воловите мора да ги проверуваат сите информации и да бидат многу внимателни при склучувањето зделки – голема е веројатноста тоа да заврши неуспешно. Пријателите и роднините ќе инсистираат претставниците на овој знак да преземат дополнителни финансиски обврски. Нема да им биде лесно.

Тигар – Родени: …1950, 1962, 1974, 1986, 1998, 2010, 2022…

Тигрите ризикуваат да ги свртат пријателите против себе и да изгубат „сојузници“ во новата година. Можни се и проблеми во љубовта, па дури и зголемена агресија. Не треба да ги преземаат сите грижи на себе и да ги трошат, подобро да се консултираат и да ги распределат обврските. Не им се препорачува да прават непромислени купувања, да трошат пари или дури и да позајмуваат.

Коза – Родени: …1955, 1967, 1979, 1991, 2003, 2015…

Најдобро е Козата во новата година да се повлече и да биде набљудувач, да не се меша во туѓи конфликти или да посредува. Доколку се најдат во непријатна ситуација и се принудени некому да се спротивстават, нека го решат спорот по мирен пат, во спротивно скандалите ќе траат долго и ќе го уништат нивниот углед.

Петел – Родени: …1957, 1969, 1981, 1993, 2005, 2017…

Во 2022 година, петелот може да дојде во конфликт со Тигарот поради неговиот жесток темперамент, кој не може да го контролира. Во втората половина од годината треба да се држи настрана од големите набавки и многу внимателно да се справува со парите. Голема е веројатноста да бидат измамени од некој близок, пријател или роднина.

Куче – Родени: …1958, 1970, 1982, 1994, 2006, 2018…

Посебно внимание мора да се посвети на оние кои штотуку започнале љубовна врска. Според кинескиот хороскоп, големи се шансите Кучето да наиде на непостојан партнер кој ќе го измами и ќе му го скрши срцето. Бидете внимателни и не верувајте во сѐ што ќе ви каже, тој/таа е склон/а кон лажење.