НАЈНОВА ПРОГНОЗА НА УХМР: Еве какво ќе биде времето до вторник (Фото)

|

Времето утре ќе биде претежно сончево и потопло со слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер.

Во петок и сабота ќе има извесно зголемување на облачноста со натамошен пораст на температурата.

Во недела попладне ќе има локална појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

И метеорологот Славчо Поповски излезе со слична прогноза на времето:

Продолжува периодот на стабилно, суво и сончево време со мала до умерена локална облачност. Исклучок ќе биде недела кога во попладневните и вечерните часови локално ќе биде нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Температурите и понатаму ќе бележат тенденција на пораст, а особено топло ќе биде за време на викендот кога максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 39 степени.

Во Скопје и околината времето денес, како и во следните денови ќе биде претежно стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, и истиот повремено ќе засилува на интензитет.

Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 35 степени – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.