НАЈНОВА ВОНРЕДНА МЕТЕО АНАЛИЗА: Невремето од регионот во Македонија влегува денес попладне и навечер!

|

Под влијание на силен Џеновски циклон, како и на изразена влажна и нестабилна воздушна маса, денес попладне и навечер, во текот на ноќта кон утрешниот ден и утре на многу места низ Македонија ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Поради загреаната атмосфера и исполнета со енергија, и тоа поради високите температури овие денови, локално процесите ќе бидат интензивни и застапени во форма на невреме, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни и чести електрични празнења, силен ветер и со појава на град кој локално би можел да биде и крупен.

И во Скопскиот регион очекуваме нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме.

Апелираме во случај на појава на силно невреме, како и на силни и чести електрични празнења граѓаните да бидат крајно внимателни, односно да не се претстојува на отворен простор, како и под осамени дрвја.

За време на овој циклон најмногу врнежи ќе има во западната половина од државава ( локално ќе наврнат над 40 л/м2 воден талог).

Од утре ќе биде и посвежо, што значи ќе има пад на температурите за 6 до 8 степени во споредба на сегашните, и максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 28 степени.

Од вторник времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и значително посуво, иако локално ќе има услови за повремен слаб дожд. Наутро ќе биде релативно свежо со минимални температури кој ќе се спуштаат во интервалот од 8 до 15 степени.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!