Најнови детали: Студениот бран пристигна, температурите значително пониски

ИЗВОРНов Лист
|

Во текот на денешниот ден времето во државава ќе биде претежно облачно и значително постудено со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Локално ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег на повисоките места и на планините. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 9 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде претежно облачно со умерен до засилен ветер од северен правец, максималната дневна температура ќе се искачи до околу 5 степени.

Поради разведрувањето кое не очекува денес кон крајот на денот и во вечерните часови, особено студено ќе биде утре наутро со минимални температури кој ќе се спуштаат во интервалот од -11 до -4 степени. Максималните дневни пак утре ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 10 степени. Потоа од среда времето ќе биде променливо облачно и потопло со умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец, ќе има и повремени локални врнежи од дожд кој поинтензивни ќе бидат во текот на ноќта четврток кон петок.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука.