Денес времето во Македонија ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд кои локално ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и проследени со појава на грмежи. Локално ќе наврнат и над 15 л/м2 воден талог, додека на повисоките планини ќе има врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер и тоа во западните предели од југозападен, додека Долж Повардарието од северозападен правец и истиот повремено ќе засилува. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 16 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе започне да дува умерен ветер од северозападен правец и истиот повремено ќе засилува. Температурата ќе се искачи до околу 12 степени.
Потоа во следните денови времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе има услови и за повремен локален дожд но со послаб интензитет, додека нови поинтензивни врнежи се очекуваат од петок. Температурите понатаму ќе бележат тенденција на пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 22 степени.
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука.