Најнови мерки: Функционерите, судиите и сите административци на минимална плата од 14.500 во наредните два месеци

ИЗВОРНов лист
|

Претседателот на СДСМ во одбраќањето кон јавноста кое сеуште трае извести дека како една од мерките кои Владата ги носи како спас на економијата и сигурноста на граѓаните во овој период на ширење на коронавирусот, сите функционери, судии и административци, со изземање на медицинските лица, полицајците и војската, во наредните два месеци, април и мај ќе земаат минимална плата од 14.500 денари.

-Сите функционери на државно и локално ниво премиер вицепремиер, раководители, судии, обвинители ќе земаат минимална плата од 14.500 денари за април и мај

Меѓу другото исто така Заев истакна дека на засегнатите граѓани, кои поради коронавирусот ќе останат без работа или не можат да ја извршуваат работата како што треба, Владата ќе ги поддржи со 50 проценти од платите. Исто така и за невработените ќе бидат доделувани по 7.000 денари со цел полесно преживување на новонастанатата ситуација.

„Главна цел мора да ни биде да ја држиме јавната и приватната потрошувачка. Сите мерки од економскиот тим на СДСМ кој го предводам ќе ги доставиме до Владата. Прво, минимална плата за април и мај, за секој работник, во фирмите погодени од кризата, а фирмите сами да си ги платат придонесите и персоналниот данок, а државата да исплати минимална плата за секој работник. Половина од дејностите се погодени од кризата. Оние фирми кои се помалку опфатени нема да влезат во оваа мерка“, рече Заев.

Помош, рече Заев, нема да нема да има за оние вработени кои имаат поголема нето плата од 39.900 денари.Потоа, фирмите кои ќе аплицираат за помош ќе мораат во моментот на аплицирањето да имаат ист број на вработени како пред кризата со короната, за да не се отпуштаат работници.

-Правиме се секој работник да го задржи работното место, затоа за оваа мерка ќе се одвојат 120 милиони евра, рече Заев.

Сите што останале без работа, исто така, ќе добијат месечна плата и надомест во висина од просечната плата , додека сите функционери и раководители два месеци ќе се најдат под рестрикција и ќе добиваат минимална место актуелната плата. Истата мерка ќе важи и за судиите и обвинителите, а мерката и за нив се однесува за два месеци.