Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно со услови за слаб локален дожд. По одделни котлини и понатаму ќе има појава на магла и на ниска облачност. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 11 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде претежно облачно со појава на магла и тоа особено претпладневно и повторно во вечерните и ноќните часови. Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 8 степени.
Потоа до четврток времето ќе се задржи претежно стабилно, суво и сончево со умерена локална облачност. По котлините ќе има појава на магла и на ниска облачност, особено во ноќните и во претпладневните часови. Температурите на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 14 степени. Промена на времето со повремени врнежи од дожд ќе има во петок попладне и навечер.
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука