Времето денес во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од северозападен правец. Во вечерните и ноќните часови локално ќе има повеќе облачност а ќе има услови и за локално провејување на снег. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од -2 до 7 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала, а во вечерните и ноќните часови со позначителна облачност кога ќе има услови за сосема слабо и локално провејување на снег. Максималната температура се очекува да се искачи до околу 2 степени.
Потоа во следните денови времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево, повремено со умерена облачност. Наутро температурите сеуште ќе бидат ниски и понекаде ќе се спуштаат под -10 степени, додека максималните ќе бидат во пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 13 степени. За време на викендот во најтоплите предели од државава температурите на воздухот се очекува да се искачат до околу 15 степени.
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука.