Времето денеска во државава ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, на повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец додека максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 14 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде претежно облачно со услови за повремен локален слаб дожд, ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 11 степени.
Потоа до самиот крај на оваа недела времето ќе се задржи претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, додека на планините врнежите ќе бидат од снег. Температурите на воздухот нема многу да се менуваат во споредба со сегашните и ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 13 степени.
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука.