НАЈНОВИ МЕТЕО ИНФОРМАЦИИ: СЛЕДУВА ПОГОЛЕМО ЗАТОПЛУВАЊЕ

ИЗВОРНов Лист
|

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и потопло со мала до умерена локална облачност. Особено на југоистокот ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Температурите на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 15 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Максималната температура ќе се искачи до околу 10 степени.

Потоа во следните денови времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево, повремено со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Поради продор на топла воздушна маса температурите ќе бележат тенденција на значителен пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 20 степени.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука.