Најпопуларната зимска диета: Јадете чорба кога сакате, а килограмите се топат

ИЗВОРСкопје24
|

Исхрана што ќе ви го прочисти целиот организам

Ова е една од најпопуларните диети на Интернет. Ја викаат зелка-диета, диета на Мејо клиниката или болничка диета. Како и да ја викате, се држи седум дена, за време на кои може да симнете пет килограми.

Еве како се приготвува чорбата:

Потребни состојки: 2 големи главици кромид 2 пиперки 2 конзерви домати 1 врзоп целер 1 главица зелка 3 моркови 1 пакување шампињони 1 до 2 коцки бујон 6-8 чаши вода Приготвување: Исечкајте го зеленчукот на коцки. Во голем лонец, пропржете кромид на малку масло. Додајте го зеленчукот и прелијте го со вода и коцки бујон. Додајте зачини по желба.

Оставете да зоврие, па намалете на средна температура и оставете да се крчка додека не омекне зеленчукот, околу 30 до 45 минути.

Може да додадете малку сол, бибер или некој друг зачин по вкус, но и зеленчук без скроб, како на пример спанаќ или боранија.

Оваа чорба треба да ја јадете секој ден кога ќе огладнете.