Најпознатиот грчки готвач го открива оригиналниот рецепт за подготовка на цаѕики салата

ИЗВОРНов Лист
|

Баш како да сте во Грција! Цаѕики е една од омилените салати, а еве кои намирници ви се потребни.

– 300 грама грчки јогурт; – 1 краставица; – 3 супени лажици јаболков оцет; – 1/2 лажичка копар; – 2 супени лажици маслиново масло; – прстофат сол; – бибер.

Подготовка Измијте ја и изрендајте ја краставицата во сад на кој претходно сте ставиле хартија. Додадете сол и една лажица јаболков оцет. Максимално исцедете ја хартијата на која претходно сте ставиле сè, фрлете ја хартијата и вратете ги намирниците назад во садот.

Додајте го јогуртот во смесата и уште две лажици маслиново масло.

Ситно исецканиот лук прво промешајте го со маслиново масло, а потоа ставете го во останатиот дел од смесата.

На крајот додадете копар, сè заедно измешајте и ставете ја смесата во фрижидер да се излади.