Астролозите истакнуваат дека во овие хороскопски знаци се раѓаат момци коишто го имаат „она нешто“ што ги прави целосно неодоливи за жените.
1. Вага
Во овој знак се раѓаат најголемите џентлемени во хороскопот, коишто ги освојуваат жените со својот неверојатен шарм. Вагите сакаат да даваат комплименти и многу се внимателни кон своите партнерки. Сепак, мажите во овој знак многу сакаат да флертуваат, понекогаш и надвор од својата врска, па тоа може да не им се допаѓа на позатворени жени. Но, добро е да знаете дека тие никогаш не се впуштаат во нешто повеќе од безопасен флерт.
Некои од најпознатите машки ваги се Мет Дејмон, Бруно Марс и Хју Џекмен
2. Скорпија
Скорпиите ги бие глас за најдобрите љубовници во хороскопот, но тоа не е единствената тајна за нивната привлечност. Мажите во овој знак се доста таинствени и мистериозни, па понекогаш е тешко да ги прочитате – правејќи ги уште понеодоливи за жените. Во врските се верни, искрени и посветени на своите партнерки, а исто така се и многу вешти помеѓу чаршафите.
Меѓу славните претставници на овој знак се издвојуваат Рајан Рејнолдс, Метју Меконахи и Леонардо Дикаприо
3. Бик
Романтични, внимателни и чувствителни, мажите во родени во овој знак се совршен материјал за врска и брак. Тие ги љубат своите партнерки и обожаваат да ги размазуваат со комплименти и подароци, а токму на тој начин и ги освојуваат жените. Навистина е тешко да одолеете на нивниот шарм, но не почнувајте да флертувате со нив ако не сте подготвени за сериозна врска.
Некои најпознатите фраери родени во овој знак се Дејвид Бекам, Двејн Џонсон и Џорџ Клуни