Најсаканата личност: Пандев покажа како го поминал денот на вљубените (ФОТО)

|

Вчера граѓаните прославуваа два празника, Св. Трифун и Св. Валентин. Едните со добро вино, другите со саканата личност, но секако имаше и такви кои ги славеа и двата.

Македонскиот фудбалер Горан Пандев го прослави Денот на вљубените заедно со неговата најголема љубов, сопругата Надица.

Пандев и Надица се долги години во брак, а плод на нивната љубов се нивните три деца, две ќерки и еден син.

Тие се вистински пример како се негува љубовта и после долги години поминати заедно.