Кога ја гледаме винската карта, вообичаено по името веднаш “фрламе“ поглед и на цените…
Вината често можат да бидат скапоцени, баш како ова што сега ќе ви го претставиме.
Станува збор за најскапото шише со вино кое чини 40.000 долари, а старо е 10 години и потекнува од северо-источна Унгарија, со име Tokaji Essencia. Француските винa од Бордо практично паѓаат во заборав поради ова вино.
Познавачите на вино секако дека ќе бидат воодушевени со интересниот факт од винскиот свет – високата цена на шишето со вино потекнува и од потрошувачката за произведување и од нејзината реткост. Процесот на произведување на ова вино многу е далеку од едноставно. За да произведете само едно магнум шише Essencia, мора да имате околу 200 килограми грозје при рака. Со самото тоа, Essencia спаѓа во вината кои се најтешки и најнапорни за произведување.
Само осумнаест шишиња од бербата од 2008-та година ќе стигнат до купувачите, поради тоa ова вино го доби статусот на култно вино. Освен тоа, Essencia е вид на вино кое може да созрева 100 години и подолго, а притоа само да добива, а ништо да не изгуби во неговиот вкус.