Најслаткото нешто на социјалните мрежи: Хана и Дарен на Тамара се љубов на прв поглед (ГАЛЕРИЈА)

ИЗВОРСкопје24
|

Поп дивата Тамара Тодевска е секогаш активна на социјалните мрежи и откако стана мајка најголем простор им отстапува на своите деца.

Нејзиното прво дете, Хана е вистински позитив, затоа што како својата мајка така и таа постојано е насмеана, па нејзините фотографии и видеа делуваат како вистинска антистрес терапија. Пред околу месец дена Тамара на свет го донесе и своето второ дете, Дарен, кое сеуште не сака баш да го покаже пред светот, но фотографиите на Хана како го држи и си игра со него се доказ за чиста љубов!

Семејството навистина е најбитната работа на светот па така е и за Тамара. Веруваме дека нејзините две деца се и нејзината најголема среќа, а оваа фотографија е доказ за тоа.

https://www.instagram.com/p/BsEWNrPnagt/

Автор: Н.Ј.