Најсмирените знаци во Зодијакот – Како да станете како нив?

ИЗВОРНов Лист
|

Ако некогаш сте се се запрашале зошто при најмалата расправа ви избувнуваат искри од очите и пареа од ушите, додека вашите пријатели во знаците Водолија, Вага и Бик се ладни како шприцер, не сте сами.

Факт е дека овие хороскопски знаци реагираат поинаку на стресните ситуации и дека секој од нив е приказна за себе кога нештата ќе станат фрустрирачки. Меѓутоа, од овие три истакнати знаци можете да научите многу нешта и да се обидете и самите да реагирате посмирено во предизвикувачки ситуации.

Дозволете си на себеси да размислите пред да реагирате
Без оглед на тоа дали се во прашање деца кои постојано нешто ве прашуваат, ви бараат или ви се спротивставуваат, или се работи за колеги на работното место кои ве затрупуваат со нивните обврски, обично кога реагирате бурно, таквата реакција ви се враќа како бумеранг.

Водете се со промисленоста на Бикот и не влегувајте во конфликт со секој и секаде. Вдишете и размислете три пати пред да пресудите нешто.

Оттргнете се од ситуациите за да ја воочите широката слика
Кога лутината ќе ве проголта, дури и најмалиот звук или случување во околината може да биде иритантен. Кога сме лути имаме впечаток дека се се свртело против нас и се наоѓаме во најлошиот дел на олујата која беснее. Водолиите со водат со паролата „широка слика“ односно со исфрлање на „јас“ членот од ситуацијата. Ставете се во позиција на личностите кои ве опкружуваат. Обидете се да ја префрлите вашата реалност од учесникот на сведокот и ќе забележите колку нештата можат да се решат на поинаков начин. Се што не ве допира личност, станува појасно.

Размислувајте чекор по чекор

Секоја личност која по природа е експлозивна, секој напад на бес го доживува како огнено оружје кое треба да употреби без оглед на колатералната штета. Вагите не се однесуваат така. Тие користат едно мало нешто кое се нарекува логика, на која и додаваат одмереност за да размислат за своите емоции.

Наместо да дозволувате лутината да ве одведе до крајната цел – постепено решавајте го проблемот, чекор по чекор. Рационализирањето е најдобриот процес за спречување на лутината.