Најстариот човек во историјата живеел – 256 години?! Која е неговата тајна?
Запознајте се со Ли Чинг Јун, човекот кој живеел цели 256 години! Според една статија на Њујорк Тајмс од 1930 година за Ли Чинг Јун, професор на универзитет во Чанду, биле најдени официјални државни документи од 1827 година. Станувало збор за честитки за неговиот 150-ти роденден, а во други документи од 1877 година му се честита и 200-тиот роденден. Во статијата дописникот пишува дека многу од старите мажи во квартот на Ли тврдат дека нивните дедовци го познавале и дека бил голем човек.
На 10-годишна возраст Ли Чинг Јун станал билкар. Собирал билки во планините и учел за полезноста од нив. Речиси цели четириесет години тој живеел на исхрана која се состоела од билки, претежно гоџи бобинки, див женшен и оризово вино. Во 1749 година, на возраст од 71 г. тој се придружил на кинеските војски, како учител на боречки вештини. Се раскажува дека бил многу сакан и почитуван во својата заедница. Се женел цели 23 пати и бил татко на над 200 деца.
Уште како дете можел да чита и пишува, а од својот 10-ти роденден патувал во Шанси, Тибет и многу други свети места за да собира билки. Своите први сто години ги минал како билкар, а потоа почнал да продава билки собирани од други. И понатаму најмногу продавал гоџи бобинки и женшен.
На пред своето заминување вели: „Јас направив сѐ што требаше да направам на овој свет.“ Можеби неговите последни зборови загатнуваат за една од најголемите тајни – тајната за долг и успешен живот.
Здравје!
Ли бил запрашан која е неговата тајна за неговата долголетност. Еве кој бил неговиот одговор: „Чувајте го своето срце, седете како желка, одете весело како голуб и спијте како куче.“ Овие зборови му ги кажал на некој воен големец кој го примил Ли во неговата куќа за да ја научи тајната на неговиот исклучително долг живот. Ли тврдел дека внатрешното спокојство во комбинација со техника за правилно дишење и правилна исхрана е тајната на неговата долговечност.
Зошто е толку тешко да се поверува во ова?
Просечниот животен век во западниот свет денес е 75-80 години, а помислата за живот подолг од 200 години е нешто далечно и недосежно. Дали случајот со Јун е легенда или вистина? Во секој случај, тој живеел многу поприроден и посмирен живот од тој кој го живееме денес.