Нена Врбанова е прогласена за Најубава матурантка за оваа година во Бугарија.
19-годишната девојка победи на натпреварот кој веќе 13 години се организира во нашето соседство.
Шармантната Бугарка беше прогласена за победничка од страна на четиричлено жири. Оваа година во финалето влегоа 21 матуранткa (10 избрани од жирито, а 11 според гласовите на социјалните мрежи).
Нена заврши средно школо на Државната финансово-стопанска гимназија „Интелект“, а планира да го продолжи своето образование на медицински факултет во родниот град Плевен или во Пловдив.