Најубавата плажа во Европа: Луѓето даваат сѐ што имаат за да ја посетат!

ИЗВОРСкопје24
|

За голем број луѓе овој податок бил големо изненадување, ако се земат предвид плажите на Јадранско Море, во Шпанија и на грчките острови, но оваа велшка убавица навистина ќе ви го одземе здивот.

Станува збор за плажата позната под името Росили Беј (Rhossili Bay) која се наоѓа на полуостровот Гауер и е единствената европска плажа која се нашла помеѓу 10-те најубави плажи во светот според изборот на веб-сајтот Suitcase Magazine. Имено, оваа плажа во Велика Британија, која не е баш позната како туристичка дестинација за летен одмор, е прогласена за најдобра европска плажа.

Плажата Росили Беј е опишана како место со неверојатни природни убавини. Она што ја прави посебна се песочните дини и ритчиња, па затоа воопшто не е чудно тоа што многу Британци ја одбираат за одмор и уживање во морските радости.

„Убавините на оваа плажа не се ништо ново за нас, но пресреќни сме што имаме плажа со светски глас во близина“, изјавил Роберт Френсис-Дејвис од туристичката заедница во Велс.

Плажата станала позната во 2012 година кога се појавиле слики од неа на отворањето на Олимписките игри во Лондон.