Првото пролетно сонце во нас ја буди желбата веќе да почнеме со планирање кои цвеќиња ќе ги засадиме во градината. Ние ви донесуваме неколку препораки кои ќе направат вашата градина раскошна и весела.
Петунија
Петунија е вид на цвеќе кое често ги краси куќите, викендиците, влезовите на продавниците, кафичите и рестораните. Постојат многу различни нијанси и цвета од почетокот на пролетта па се до доцната есен. Се што и е потребно на петунијата е светлина и топлина.
Сардела
Ова растение е едно од најпопуларните декорации кое веќе долго гордо ги краси терасите. Сарделите ги поднесуваат добро дури и најдолгите суши а сакаат умерено наводнување.
Бегонија
Со асиметрични лисја, бујни цветни стебла, различни облици и бои, бегонијата е доста популарна во градините. Не бара голема грижа. Доволно е само да изберете место каде што сонцето ќе ја грее рано наутро и напладне. Не заборавајте дека во сенка бегонијата ги губи своите декоративни особини.
Лобелија
Лобелијата е идеално цвеќе за во градината. Цветовите се ситни, но доста густи и убави. Често се со сина боја но можат да бидат виолетови и бели. Лобелијата ќе ве воодушеви со својот раскош, но неопходно е да и обезбедите добро земјиште – хранливо но без хумус, и добро да ја наводнувате.
Вербена
Вербената е едногодишна билка која достигнува висина до пола метар. Цветовите се најчесто розови, црвени, виолетови и сини. Оваа билка е особена драга на пеперутките. Таа цвета од раната пролет па се до есента. Потребно е само да засадите семе и да почекате да порасне садница. После тоа, треба да ја пресадите во поголема саксија и да го чекате цветањето, да уживате во нејзината убавина и мирис.