Најубавите рецепти за ПЕЧИ ГМЕЧИ – кој пробал знае, а кој не не пробал, ќе се кае

|

Печи-Гмечи е традиционална македонска зимница која се приготвува во речиси секое семејство. Оригиналниот рецепт содржи везени пиперки, но може да се приготви и од обични или кој какви има. Исто така, според оригиналниот рецепт пиперките само малку се запекуваат и не треба да се лупат, но на оние што им пречи – ги лупат.

Прво ќе ви го претставуме рецептот на нашата читателка, која денес го објави во нашата група и нè инспирираше да го напишеме овој пост. Со здравје и со сласт да си јадете сите!

РЕЦЕПТ 1 Фото и рецепт: Благица Баба Буки Ивановска

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

5 кг пиперки везени
4 чаши (јогуртни чаши од 180-200 мл) оцет
3 чаши ладна вода
1 чаша сол
1 ½ чаша шеќер
1 чаша масло

ПОСТАПКА:

Сите состојки се мешаат во подлабоко тенџере со капак. Се меша убаво за да се растопат состојките или се става на оган, се меша, а потоа се остава да излади.

Пиперките се запекуваат кратко и се спуштаат во приготвената саламура. Печените пиперки се потиснуваат со нешто тешко и вака се оставаат да отстојат 24 часа. Потоа се собираат во тегли, ред пиперки, ред лук и сечкан магдонос.

Саламурата стасува точно, а доколку не ви стаса, се дополнува со оцет.

Фото и рецепт: Благица Баба Буки Ивановска