|
Вкусно тесто за пастрмајлија и богат фил на месо.Ова е рецептот за вкусен појадок, ручек или вечера: СОСТОЈКИ: 1 кг. брашно 20 гр. квасец сол 800 гр. свинско месо малку свинска маст 1 шолја вода топла малку црвен пипер
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА: Месото се сече на коцки, се става сол, малку мелен црвен пипер и се остава во ладилник. Може да го спремите од вечерта. Квасецот со малку топла вода и брашно се остава да нарасне, па се замесува тесто со квасецот, брашното, сол и топла вода. Нека нарасне, па поделете осум топки. Секоја расукајте ја и направете ја во форма за пастрмајлија.
Одозгора ставете месо со свинска маст, па печете околу половина час на 180 степени. Кога ќе се извади од рерна, завиткајте ја со крпа и оставете ја да се излади.