Највкусниот банана леб: Рецептот е од само 4 состојки

ИЗВОРНов Лист
|

Сигурно сте слушнале за прекрасниот банана леб, но никогаш не ви паднало на памет да побарате рецепт и истиот да го направите дома. Сè што ви треба се банани, кондензирано млеко, брашно и прашок за пециво.

За овој рецепт кој стана хит на Фејсбук, потребно ви е кондензирано млеко, малку брашно, 1 лажичка прашок за пециво и 4-5 банани. Испасирајте ги бананите додека не бидат течни и измешајте ги со млеко и две и пол чаши (за чај) брашно.

Смесата ставете ја во калап за леб со хартија за печење и додадете две, три капки вода. Печете го еден час на средна температура.

По желба врз изпечениот банана леб можете да додадете шлаг, сируп или да го додаете она што вм ви се допаѓа. Сигурни сме дека ќе ви се допадне. Добар апетит!

Палачинки без брашно што ќе ги обожавате – меки и пенасти
Љубителите на десерт сигурно ќе уживаат во овој едноставен рецепт за палачинки. Потребни ви се само овие две состојки, а резултатот е феноменален, пенести и меки палачинки што сите ќе ги обожаваат.

Намирници: 120 грама крем сирење, 4 јајца, по желба можете да додадете цимет, какао или ванилин шеќер во смесата

Подготовка: Промешајте ги јајцата и крем сирењето во блендер. Може да се користи и миксер. Мешајте додека не се изедначи смесата. Оставете да отстои една минута, додека маслото во тавата не е се загрее. Печете ги палачинките додека не се зацрвенат и пополнете ги по ваша желба.

Добар апетит!