За с*ртта на младата студентка Фросина Цековска која беше прегазена на пешачки премин кај Универзална сала во април 2015-та, Апелациониот суд ја намали затворската казна за 29-годишниот возач, потврдија за Телма од Апелациониот суд.
Скопјанецот Љубиша Видојковиќ добил 3-годишна затворска казна односно апелација му ја намалила казната за една година. Покрај тоа Апелациониот суд му определил и мерка од едногодишна забрана за управување со моторни возила.
Фросина Цековска заг*на на лице место кога Видојковиќ ја удри на пешачкиот премин кај Универзална. Возачот не застанал по кобниот удар. Беше обвинет за тешки дела против безбедноста во сообраќајот и неукажување на помош, а при прегледот му се најдени 1,2 промили алкохол во крвта.
Кривичниот суд еднаш му пресуди и го осуди на 6 и пол години затвор , но Апелација го врати процесот назад и ја поништи пресудата.
На второто судење Видојковиќ беше осуден на 4 години затвор, а денеска Апелација која жалбата ја разгледувала на јавен претрес му ја намали затворската казна дополнително на 3 години.