Намалени сметки за струја за 600 до 800 денари – Eве кои домаќинства ќе добијат помош

|

Најранливите категории на лица со ниски примања кои не се приматели на гарантирана помош согласно закон ќе добијат парична помош, односно намалување на месечната сметка за потрошена електрична енергија во износ од 600 денари или 800 денари месечно, во зависност од големината на домаќинството.

Финансиска поддршка ќе се доделува на лица доколку нивните редовни месечни примања не го надминуваат нето приходот и тоа, за самец до минимална плата, за домаќинство со два члена до 18.000 денари, за домаќинство до три члена до 21.000 денари, за домаќинство со четири члена до 25.000 денари и за домаќинство со пет члена или пак повеќе члена до 30.000 денари.

Ова го предвидува владината програма за ранливи потрошувачи на енергија за 2022 година, донесена на денешната седница на Владата, информираше денеска на прес-конференција министерот за економија Крешник Бектеши.

За програмата се предвидени 60 милиони денари или околу еден милион евра и според проценките треба да бидат опфатени околу 7.500 домаќинства во времетраење од 12 месеци.

– Лицата со ниски примања за самец, домаќинство со два члена и за домаќинство до три члена се стекнуваат со намалување на месечната сметка за потрошена електрична енергија во износ од 600 денари месечно, а лицата со ниски примања за домаќинства со четири члена и за домаќинства со пет члена или повеќе члена се стекнуваат со право на намалување на месечната сметка за потрошена електрична енергија во износ од 800 денари месечно, сметано од денот на поднесувањето на барањето – појасни министерот Бектеши.

По десет отсто од вкупните средства ќе бидат наменети за првата, втората и третатата категроија, 50 проценти за четвртата категорија и 20 отсто за петата категорија.

Целиот текст прочитајте го на Плус инфо со клик ТУКА.