Наместо на љубовникот пораката му ја испратила на својот сопруг! Пробала да се извлече, но…

|

Жена која изневерува маж (и обратно), мора да биде подготвена на последиците доколку биде фатена на дело.

Според овој пример може да видите како тоа изгледа во пракса. Значи пораката на жената наменета за нејзиниот љубовник гласела:

„Кажи ѝ на сопругата дека имаш важен состанок и побрзај… Мојот сопруг излезе и нема да биде дома неколку часа… Побрзај!“.

„Драга моја сопруго, очигледно си го згрешила бројот и пораката ми ја испрати мене! Јас, еве брзам, а и тебе би ти било добро да побрзаш“ – ѝ одговорил сопругот.

„Хаха… Само те зафркавам за да видам како ќе реагираш знаеш дека ти си ми еден и единствен“ – се обидела да се спаси од ситуацијата жената.

„Мивко! Јас на името “љубовник“ ти го запишав овој број. Подобро да те нема кога ќе се вратам!“ – вратил сопругот.