Наместо на суд, во Гранд: ЈК избегна две судења, а потоа излезе на бина и го покажа задникот

ИЗВОРСкопје24
|

Јелена Карлеуша вчера избегна две судења, со Цеца и Огњен Врањеш, но затоа се појави на снимањето на ѕвездите на Гранд во краток тигрест фустан и го покажа задникот.

-Јелена не се појави на суд. Приложила пос*ртница за мајка си и рекла дека тоа е причината поради која нема да се појави на суд. Не поминале четириесет дена откако замина нејзината мајка, така што рочиштето е одложено и закажано за 22-ри април, велат адвокатите на Врањеш за српски Блиц по излегувањето од судот.

Околу два часа после рочиштето на кое не се појави, Карлеуша дојде на Грандовото снимање во Кошутњак, се качи на сцена, а додека се вртеше, и се виде и задникот.

Таа на крајот на изминатата емисијата на ова шоу истакна дека нема да биде дел од музичкото шоу, но дека ја имаат Ивана и дека веќе го знаат победникот, бидејќи тие ги одбрале најдобрите кандидати.

„Само да се обратим на моите кандидати, јас неверојатно нема да бидам тука за вас, но тука е мојата драга Ивана која е тука за вас. Јас знам дека ги одбрав најдобрите, дека ќе стигнеме до финале и знам дека имаме победник, го чувствувам тоа“ изјави Карлеуша.

Видеото погледнете го ТУКА.