Фрлањето на крстот во водите на Охридското езеро оваа година изостана поради панедемијата. Но црковна церемонија се одржа во цркавата „Св. Никола Ѓеракомија“ е Никола Чорбески. Тој прв го извади крстот од осветената вода во црковниот казан. Заедно со него младите од Варош светата вода и Светиот крст потоа ги положија во езерото кај месноста „Сараиште“, а се искапаа и во ладните езерски води. Велат иако на поинаков начин и денеска според протоколите успеаја да ја испочитуваат традицијата.
„Оваа година мене ми беше среќата, секоја година се капиме. Годинава на поинаков начин, но среќата била за мене. Господ здравје на сите и за многу години“ – вели Никола Чорбески од Охрид.
„Оваа година беше поинаку, начинот не ни се допаѓаше бидејќи се прекина една голема традиција. Крстот е свет Господ здравје на сите“ – вели охриѓанец.
„Сите протоколи беа од наша страна запазени, овој празник си го одбележавме во најдобар можен начин. Се надевам дека од в година ќе се вратиме на старата традиција“, вели друг охриѓанец.
На црковната богослужба присустваа помал број на верници. Дел од нив влегоа и во осветените води на езерото. За време на чинот забележливо беше присуството на голем број полициски службеници.