Намирници кои може да ги јадетe во неограничени количини

|

Тешко е да одолеете на вкусната храна доколку сте на строга диета. Меѓутоа, постојат намирници кои може да ги јадете во било кој период од денот без ризик од дебелеење затоа што содржат минимална количина на калории.


Целер

Околу 95 проценти од целерот се состои од вода, а тој содржи 30% од вашата дневна потреба за витамин К. Најдобро е да го консумирате свеж затоа што ги губи хранливите состојки во рок од 5 дена.

Рукола

Во два корени од рукола има само десет калории, затоа консумирањето на салата со рукола помага да останете слаби и да ги стопите масните наслаги. Можете да ја комбинирате со сирење и шери домати и да ја зачините со маслиново масло.


Белка од јајце

Јајцата се здрава храна, а белката од јајца може да ја јадете во неограничени количини, нема да ви пречи. Белките се корисни за оние коишто се на диета.

Зелена салата

Зелената салата или марулата е полна со витамини А и Ц, како и фолна киселина и железо. Практично е без калории, така што можете да јадете колку сакате.

Краставица

Краставицата содржи иста количина на вода исто како и целерот.
Кората од краставица содржи хранливи вредности, особено бета каротин кој е добар за очите. Затоа, јaдете ги нелупени. Исто така, треба да ја измиете добро за да не останат пестициди или бактерии.

Шери домати

Шери доматите се полни со ликопен, витамин А, Ц и Б2, фолна киселина, калиум. Практично се без калории и се многу вкусни.

Брокула

Брокулата во 110 гр. содржи само 33 калории. Освен витамини А, Ц, Е и К, содржи 20% од потребната доза за влакна кои му се потребни на организмот, но и високо ниво на протеин.

Портокал

Портокалот е еден од највкусните плодови, а во 100 гр. има само 47 калории. Полн е со витамин Ц, а белата коричка е полна со влакна кои помагаат во намалување на холестеролот.