Нападнат лекар во Ургентниот центар на скопските клиники, насилник го удрил со шише

|

Лекар во Ургентниот центар на скопските клиники вчера пријавил во полиција дека додека работел, напаѓач го удрил со пластично шише, соопшти МВР.

„На 04.07.2023 во 11.45 часот Н.Б.(42) од Скопје пријавил дека во Комплексот клиники „Мајка Тереза”, поточно во Ургентен центар, додека извршувал работни задачи како лекар, едно лице го удрило со пластично шише“, велат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.