Нападот во училиштето во Белград бил планиран: Ученикот имал список на деца кои требало да ги ликвидира

|

Владата на Србија на прес-конференција откри детали за денешната трагедија во Белград, кога седмооделенец со пиштол влегол во училница во основното училиште „Владислав Рибникар“, и убил најмалку 10 лица.

Началникот на полициската управа во Белград, Веселин Милиќ на прес-конференцијата кажа дека ученикот К.К. имал план и список на лица кои треба да бидат ликвидирани.

„Јас сум бил на илјадници увиди, но вакво нешто досега немам видено. Според досегашните собрани информации, детето долго време го планирало нападот. Пиштолот го земал од станот на својот татко, а имал и молотови коктели. Прво пукал на работникот во обезбедувањето, а потоа во дежурната ученичка. После злочинот повикал полиција. Самиот го правел планот за влез во училиштето, како и излез. Одредил приоритетни мети, кое дете треба да го ликвидира и по кој број“, рече Милиќ.

Од осумте убиени деца седум се девојчиња.

Телата на три девојчиња А.Б., Б.А., С.Н и обезбедувањето биле најдени во училишниот хол.

Во училницата на приземјето, клас VII/2, чиј ученик е осомничениот се убиени А.Д., К.М., М.А., Е.К и А.Ч.