Нареден пат кога ќе одите да си земете кафе за носење, размислете што точно земате.
Експертите одредени видови кафе ги сместуваат во едни од најлошите пијалаци, особено кога станува збор за поврзаноста со гојазноста. Се докажало дека слатките кафиња со посебни вкусови дебелеат баш многу.
„Ароматизирано кафе може лесно да предизвика брзо зголемување на телесната тежина“, вели Никол Ченард.
Таа истакнува и дека една доза на вкус од ванила, карамела или нане вообичаено содржи околу 20 калории (дополнителен шеќер), но некои сирупи имаат и значително повеќе. Мока кафето од 200 милилитри може да има речиси 300 калории, а кафето од ванила околу 200 калории.
Како што велат експертите, во многу од пијалаците кои се служат во популарните кафулиња, ставаат две до осум дози арома, па тие имаат и до 160 калории дополнителен шеќер. А, таков почеток на денот секако дека не е добар затоа што толку шеќер во крвта претпладне лесно може да го наруши целодневното ниво и евентуално да остави долгорочни последици.
Ченард вели дека никако не треба да заборавите дека доволно се само дополнителни 250 калории дневно за да добиете еден килограм вишок месечно. Покрај тоа, експертите напоменуваат дека шеќерите се т.н. празни калории, што значи дека не нудат ништо друго, никакви значајни хранливи материи, освен калории.
Кофеинот во кафето има различни ефекти кога станува збор за губење на тежината. Со кофеинот може да го забрзаме метаболизмот, а со тоа да помогнеме во слабеењето, но тој може да го наруши нормалниот шаблон за спиење. А, тоа може да влијае на метаболизмот и на крај да доведе до вишок килограми.
Затоа, клучот е умерен внес на сѐ, па и ароматизирано кафе. Препорачаната количина на кофеин е до 400 милиграми дневно, што е околу 3-4 шолји. Оние кои се во ризик од хипертензија или кои имаат кардиоваскуларни болести треба прво да се консултираат со доктор за да ја добијат својата реална граница на пиење дневна количина на кафе.