Најголемиот христијански празник Велигден ни е на прагот, па домаќинките треба да се подготват за во четврток да ги направат најубавите велигденски јајца.
Секако деца црвената боја треба да доминира, но доколку сакате да експериментирате со останатите бои еве ти одлична идеја.
Црвената зелка, која практично на изглед е виолетова, ако се користи како боја за јајца, дава убава пастелно сина боја. Еве што треба да направите:
Исецкајте една глава виолетова зелка, ставете ја во длабоко тенџере со многу вода и откако ќе почне да врие варете уште околку 20 минути покриена со капак. Исклучете и оставете да се олади.
Откако ќе се олади ставете ги внатре белите јајца и на тивок оган варете ги околку 10 минути. На овој начин добивате светло сина боја.
Ако сакате поинтензивна боја, префрлете ја течноста во сад, ставете ги јајцата и чувајте во фрижидер 4-5 часа.
Единствен недостаток на овој метод може да биде мирисот на зелка која се вари, а кој може и да продре во јајцето и да му го смени вкусот доколку се впие во него.