Лепчето во кое се става гирото е со посебен вкус, а вообичаено не мора да се јаде само со оваа комбинација – идеално е за различни јадења и сосови.
Намирници за лепчето: 160 милилитри млеко на собна температура; 80 милилитри вода на собна температура; 1 лажичка шеќер; 2 лажички квасец; 320 грама тврдо брашно; 1 и пол лажичка сол; 1 лажичка мајчина душица; 1 супена лажица маслиново масло и бибер.
Подготовка: Во една чинија ставете млеко, вода, шеќер и квасец и мешајте додека не се соединат. Додадете брашно, сол и мајчина душица.
Мешајте додека смесата не почне да се лепи за вашите прсти. Ставете го тестото во друг сад кој претходно сте го премачкале со масло, покријте го со крпа и оставете го тестото да нарасне. Тестото за 20-30 минути ќе нарасне двојно.
Исечете го тестото на шест еднакви делови, а потоа секое парче направете го во кружен облик.
Ставете маслиново масло да се грее во тава, но на тивко.
Откако ќе се загрее тавата, поставете го едното парче тесто и печете го неколку минутки (како палачинки), од двете страни.
Посолете, ставете бибер и уште малку мајчина душица.
За да ви биде уште повкусно може да подготвите и цаѕики сос, а ние ви посакуваме пријатен апетит.