Направете го овој тест и дознајте каква личност сте

ИЗВОРНов Лист
|

Преку овој тест можете да дознаете каква личност сте. Единствено што треба да направите е да ја стиснете вашата рака како што ви доаѓа природно и да прочитате за вашиот тип.

A. Палецот над прстите

Постојано сте во потрага по нови знаења, многу сте енергични и помалку нетрпеливи. Имате тенденција постојано да сакате да им помагате на луѓето и да ви е непријатно ако не го направите тоа. Вие сте бестрашен авантурист, а сепак ви е потребна голема заштита и помош.

B. Палецот околу прстите

Пријателите ве сакаат поради вашата искреност и духовитост. Комуникативни сте и привлекувате различни луѓе. Сигурни сте во себе, имате силно развиен систем на самопочит. Одличен лидер сте меѓу пријателите, но и на работа. Често, не донесувате одлуки лесно бидејќи се плашите од неуспех.

C. Палецот во дланката

Вие сте прецизни и педантни, а често барате и премногу од луѓето.Вие сте остроумна личност која лесно се изразува. Сепак, малку сте срамежливи што ви оневозможува да се изразите пред сите кои ги знаете. Често ве сметаат за мирна, тивка и некомуникативна личност.