Направете пита од стар леб: Потребни ви се само 4 состојки за превкусен појадок

|

Денешниот празничен ден искористете го за одмор наутро и подоцна направете си совршен појадок во кој сите ќе ужваат. За да го подготвите ова јадење можете да го искористите и стариот леб кој ви останал и не сакате да го фрлите, а сепак е посув и не можете да го јадете. Ова е рецептот:

Состојки: 1 векна стар леб, 4 јајца, 1 шолја јогурт и 200 гр урда.

Подготовка: Пред да почнете да ги редите состојките, задолжително добро намастете го огноотпорниот сад за да не се залепи.

Изматете го филот од јајцето, јогуртот и урдата и посолете ако сирењето не е доволно солено. Исечете го лебот на парчиња.

Наредете го прво лебот, па еден слој фил, па лебот, па повторно филот и на крај се посипете со масло.

Се пече на 220 степени додека не порумени.