Направете сарма во само три едноставни чекори: Ќе заштедите време и енергија!

ИЗВОРСкопје24
|

За празничната трпеза направете сарма каква никогаш до сега не сте јаделе.

Празничната трпеза кај нас не може да помине без нашето омилено јадење – САРМА. Затоа во продолжение прочитајте го рецептот за подготовка на нашата традиционална и најубава сарма.

Потребно ви е: 2,5 до 3 килограми кисела зелка, 800 грама јунешко месо, 200 грама свинско мелено месо, 150 грама чадена сланина, 2-3 главици кромид, 100 милилитри масло за готвење. 1 лажичка сол, црн бибер, магдонос, 3 лажички црвен пипер и 7-8 ловорови ливчиња.

Начин на подготовка: Кромидот исечкајте го и пржете го додека не зацрвени. Додадете ги меленото месо и сланината која претходно сте ја исечкале на мали парчиња. Ставете го оризот и пржете уште малце, па зачинете со црн бибер, сол и црвен пипер по вкус. На крајот ставете го магдоносот. Свиткајте ги сармите со рака или уште полесно со машинка која за секунда витка совршени сарми и со тоа заштедете на време. Така подготвените сарми наредете ги во длабоко тенџере, а меѓу нив ставете го ловоровиот лист. Прелијте ги со жешка вода, па покријте го тенџерето со капак или со алуминиумска фолија и варете ги најмалку 2 часа.

Така направените сарми се готови за послужување. Добар апетит!