Мексиканската храна стана многу популарна во Македонија, па веројатно и вие некогаш сте подготвиле дома бурито. Доколку досега тестото го купувавте од продавница, со овој рецепт за тесто за тортиљи истото ќе го подготвите дома, а буритото ќе бидат превкусно.
СОСТОЈКИ: 2 шолји од 2 дл брашно, 1 шолја вода, за вкус сол и 6 лажици путер.
Подготовка: Просејте го брашното, потоа додајте омекнат путер, сол и замесете мазно тесто со топла вода. Оставете го да одмори најмалку десет минути, а потоа поделете го на топчиња со саканата големина.
Секое топче расукајте го во круг, па печете во добро загреана тава од двете страни по неколку минути. Наполнете ги тортиљите со фил по желба. Ова е основен рецепт за тесто за тортилја што можете да го измените по ваш вкус. Тие се многу меки и вкусни.