Во текот на студените месеци поголем дел од нашата кожа е прекриен со облека. Поради тоа, таа може да ја промени бојата како последица од исушеност. Затоа е многу важно како во текот на летото, така и во текот на зимата, кожата да добие соодветна нега.
Пилинг за кожата може да направиме и дома, со состојки кои веќе ги имаме како што се маслиново масло, шеќер или сол.
Доколку сакате вашата кожа да биде убава и свежа користете го пилингот барем еднаш неделно во текот на туширањето.
Маслиновото масло има благопријатно дејство на кожата, ја негува и омекнува на допир.
„Во текот на туширањето нанесете пилинг на нозете, рацете и останатите делови од телото. Тријте со кружни движења околу половина минута. На тој начин ќе ги отстраните мртвите клетки од кожата и ќе направите да изгледа убаво и здраво. Ваквата кожа многу помалку е склона на појава на акни“, вели д-р Ден Робинсон.
Многу жени во текот на пилингот користат ракавици специјално направени за таа намена, а кои имаат посебна рапава структура.
По пилингот нанесете крем или лосион за тело, за потхранување на кожата.